fbpx

СДСМ: ДУИ само ја усложнува политичката криза

-

Со денешниот потег ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза во Република Македонија, соопшти СДСМ.

Од опозициската партија велат дека ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана согласно Договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

„Во периодот кога во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ беа објавувани докази и аргументи, за криминалот и курупцијата на коалициската влада, и кога стана јасно дека масовното незаконско прислушување на граѓаните се спроведувало во МВР, ДУИ ниту еднаш не повика на одговорност. Ниту ДУИ го повика својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ на одговорност, ниту пак функционери од ДУИ, кои што учествувале или дозволиле масовна операција за наршување на приватноста на граѓаните, понесоа одговорност. СДСМ остро го осудува објавувањето на снимки кои што задираат во приватноста на граѓаните и личниот живот“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека дел од незаконски прислушуваните разговори биле доставени до СДСМ, но партијата ниту еднаш не дозволила да биде загрозена приватноста на граѓаните.

„Се она што беше објавено е во интерес на јавноста и соочување со криминалното владеење на владејачката коалиција. Ги повикуваме сите оние што поседуваат материјали и снимки да ги достават до надлежните институции. Воедно, бараме сите надлежни институции да спроведат темелна истрага за објавените снимки“, се вели во соопштението на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...