fbpx

Од СДСМ бараат ослободување на притворените студенти

-

Советниците од СДСМ на денешната седница на Советот на Град Скопје побараа да се дискутира за уапсените студенти од протестите на 5 мај, како и за средношколските протести и за состојбата на средните училишта во Град Скопје, информираше потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Се работи за теми кои се поврзани со спонтаните граѓански протести пред Владата по објавувањето на вознемирувачките разговори во врска со обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешковски, како и противењето на средношколците на лошите реформи во образованието. Се работи за институции кои се под надлежност на Градот – рече Манчевски.

Според Манчевски, помеѓу демонстрантите биле уфрлени и провокатори кои ја нападнале полицијата, а реакцијата на полицијата била брутална и со прекумерна употреба на сила. Во притвор се голем број студенти, кои се невини и на никаков начин немаат придонес во нападите врз полицајците.

– Имајќи предвид дека причина за протестите е обидот да се прикрие брутално убиство на невин млад човек од припадници на МВР, СДСМ бара итно ослободување на притворените невини студенти од протестите на 5 мај. Ослободувањето на притворените и повторното отворање на истрагата за убиството на Мартин Нешковски, само може позитивно да влијае на олабавување на политичката тензија што владее во државата, во исчекување на оставката на Никола Груевски – додаде Манчевски.

Тој вели дека за убиството мора да има и командна одговорност, како и одговорност за оние кои со денови се обидувале да го прикријат убиството. Од СДСМ бараат итно покренување истрага и процесуирање на случајот за обидот за прикривање на убиството на Мартин Нешковски на сите инволвирани официјални лица од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...