Недозволив е молкот на министерот за одбрана Зоран Јолевски и на началникот на Генералштабот Горанчо Котевски, како и на премиерот Никола Груевски за грозоморното убиство што се случи вчера во Злетово, обвинуваат од опозцијата.
– Бараме Јолевски и Котевски веднаш да си поднесат неотповикливи оставки. Во црно се две семејства на убиените и уште едно на професионалниот војник. МО и ГШ побрзаа преку соопштение да кажат дека војниот-убиец бил психофизички здрав, со што се вклучија во затајувањето на одговорноста за случајот – вели Максим Димитриевски, претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ.
Димитриевски вели дека професионалниот војник имал семејни проблеми. Од семејството бил пријавуван повеќепати за физичко насилство. Против него имало и кривична пријава. Јавна тајна била неговата состојба, но и покрај тоа војникот бил поставен да извршува сериозни задачи и му било дозволено да задолжи службено оружје и муниција.
– Професионалниот војник во работно време ги извршил убиствата. Успеал да го напушти стражарското место, а сè што се случило потоа упатува дека неговото отусуство не било навреме регистрирано. Сето ова покажува дека комплетно затаил системот на контрола, не само здравствената служба, којашто дала одобрување војникот да служи стража, туку потфрлиле и други служби. Постои непрофесионализам во процедурите за работа, во согласност со правилата на службите во АРМ – обвинува Димитриевски.
СДСМ потсетува дека убиството што се случи вчера во Злетово е втро убиство во еден месец, во кое припадник на безбедносни сили со службено оружје ја зема правдата во свои раце.