fbpx

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски и нови избори за градоначалник

-

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не работат во интерес на граѓаните и за тоа има само едно решение: оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.

– Со буџетот за 2016 година, Никола Груевски и Коце Трајановски сакаат да продолжат по старо. Само за нови барокни фасади Коце Трајановски планира да потроши нови 5,7 милиони евра. За нови плоштади и за фонтани уште дополнителни 3 милиони евра. А само за одржување на фонтаните и на спомениците уште 500.000 евра. За Градската куќа следната година ќе се потрошат нови 2,6 милиони евра. Врв на забеганоста, безобразлукот и на луксузирањето се 500.000 евра за пристапни површини околу гламурозното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Приоритет за Коце Трајановски е партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, а не изградбата на комунална инфраструктура за цело Скопје бидејќи за цела година предвидени се 750.000 евра за таа намена. За Коце Трајановски, партијата секогаш била и ќе биде поважна од граѓаните на Скопје – вели Манчевски.

Тој вели дека за СДСМ и за коалицијата овој буџет е апсолутно неприфатлив и преку амандамни бараат повеќе пари за реконструкции на училишни згради, за надвозници и за пешачки мостови, за изградба и за реконструкција на велосипедски патеки, субвенции за велосипеди за граѓаните, мерки за намалување на загаденоста на воздухот, повеќе паркови и зеленило, гасификација на средните училишта, бесплатен јавен превоз за студентите секој ден, бесплатен здрав оброк за учениците во средните училишта, како и за расчистување диви депонии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...