Scott Pilgrim EX е новата платформерска игра базирана на филмот Scott Pilgrim vs. the World

Сценариото за играта е напишано од писателот „Lee O'Malley“. Играта нуди отворен свет, не како што е сфатено денес во игрите, туку на ниво на платформска игра каде може да се враќате во сите нивоа што сте ги поминале со тотална слобода на движење во играта

Scott Pilgrim EX скриншот од Steam превземен од Google images
Фото: Scott Pilgrim EX скриншот од Steam

Најавена е нова платформерска игра „Scott Pilgrim EX“ од девелоперите „Tribute Games“, игра базирана на филмот „Scott Pilgrim Versus the World“. За разлика од првиот дел со истомен наслов како филмот, вториот наслов со назнака ЕX личи како класична борбена игра на флипери, со стил на анимиран филм.

Сценариото за играта е напишано од писателот „Lee O’Malley“. Играта нуди отворен свет, не како што е сфатено денес во игрите, туку на ниво на платформска игра каде може да се враќате во сите нивоа што сте ги поминале со тотална слобода на движење во играта. Истите девелопери „Tribute Games“ работеа и на популарната игра „Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredders Revenge“. 

Во играта се борите против три фракции на различни криминални банди наречени „Роботите“, „Веганите“ и „Демоните“. Главниот концепт е измешаност на видеоигрите со реалноста каде главниот протагонист „Scott Pilgrim“ и неговата девојка во полу виртуелниот полу-реалниот свет употребуваат оружја и способности од голем варитет на видео игрите.

Иако играта изгледа наивно и детски, сепак филмот на кој е базирана воопшто не делува така дека на пародичен начин обработува социјални теми за тинејџери. 

 

Прашањето што често доаѓа е дали се тоа од видеоигрите може да биде реално, поради тоа што во реалноста се работи само за холивудски филм и видеоигри. И на овие теми треба да се пристапи со здрава перцепција и осет за објективна стварност. А родителите и старателите се одговорни да ги мониторираат и образуваат најмладите за да не се заменуваат фантазии за реалност. 

Поради големата заинтересираност за аниме, коишто се Јапонски анимирани филмови и серии, за новите генерации ширум светот, има и аниме серијал на истата тема што може да се гледа на Netflix.

 

Првата игра во овој серијал наречена Scott Pilgrim versus The World се продава на Steam со цена од 14,99 евра. Играта Scott Pilgrim EX веќе е појавена на Steam за додавање во Wishlist oпцијата. Играта треба да излезе во некој период во 2026 година.