Саудиска Арабија ќе ги покрива потребите за струја од обновливи извори на енергија

-

Саудиска Арабија сака 10 проценти од своите потреби за електрична енергија да ги покрие од обновливи извори на енергија следните неколку години, во рамки на трансформацијата на својот енергетски сектор, најави министерот за енергетика Калед ал Фалих.

Ал Фалих најави дека ќе бидат реализирани 30 проекти за следната деценија да се постигне целта, производство на 10 гигавати електрична енергија од обновливите избори.

– Овие проекти ќе чинат помеѓу 30 и 50 милијарди долари, а уделот на енергијата од обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија до 2023 година ќе изнесува 10 проценти – изјави Ал Фалих.

Моментно целокупната електрична енергија во Саудиска Арабија се добива од нафтата или природниот гас.

Уште 5.000 војници се ангажирани за справување со последиците од поплавите во Шпанија

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, нареди најголемо воено распоредување во земјата досега, најавувајќи дека ќе бидат ангажирани уште 5.000 војници за да помогнат во справувањето со последиците од разорните...