Саудиските власти денеска погубија 47 луѓе осудени за тероризам, меѓу кои и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимритис, јавува „Раша тудеј“.

– Повеќето егзекутирани беа вклучени во нападите на Ал каеда од 2003 до 2006 година – соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.

Нимр ал Нимритис, заедно со уште шест лица, е обвинет за организирање антивладини протести во периодот од 2011 до 2013 година, во кои загинаа 20 лица. Врховниот суд на Саудиска Арабија минатата година ја одби жалбата против смртната казна за шиитскиот свештеник.

Во меѓувреме, Иран ѝ се закани на Саудиска Арабија дека „скапо ќе ја чини“ ликвидирањето на шиитскиот свештеник.