Сара Климоска од Берлинале се врати со награда за европски актер во подем

Фото: Агенција за филм на РСМ

Вчеравечер European shooting stars за 2021 година беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем, која се одржа на специјално изградената сцена на Berlinale Museum Island, информираат од Агенцијата за филм на РСМ.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм, која е долгогодишна членка на European Film Promotion.

„Имав прекрасни, возбудливи, интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите со кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм на РСМ за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство“, изјави Сара Климоска.

Наградите ги додели Мариа Шредер, која е во главна улога на филмот “I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.