fbpx

Санкционирани 272 возачи во Скопје, од нив 89 за пречекорена брзина

-

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 3 октомври, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од МВР соопштија дека на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 272 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола, 9 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење, 89 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила, 8, 12 санкционирани мотоциклисти, 74 мерки за непрописно паркирање, 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштија од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...