fbpx

Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, Заев ѝ се заблагодари на Шекеринска

-

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска е избрана за нов заменик-претседател на СДСМ. Владејачките социјалдемократи денеска одржаа изборен конгрес, на кој Лукаревска со 682 гласа „за“ и 2 „против“ го зазеде местото на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Шекеринска веќе најави дека нема да се кандидира за оваа функција, ниту пак ќе прифати некоја друга партиска функција. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска јавно ѝ се заблагодари на Шекеринска за досегашната работа.

„Благодарам што се вградивте во важни државнички процеси, што дадовте придонес во успесите, како на партијата, така и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат. Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси“, изјави Заев на 26. Конгрес на СДСМ.

На Конгресот на СДСМ денеска се врши избор и на новиот состав на Централниот одбор на партијата, за што до делегатите бил доставен список од 120 имиња. Социјалдемократите на конгресот ги бираат и новите потпретседатели на партијата.

Претседателот Зоран Заев пред делегатите на партијата рече дека нивната партија брои над 80.000 членови и нивниот број постојано расте, додека СДСМ е единствена партија во земјава која има локални организации во сите општини. Тој најави дека промените во партијата ќе продолжат преку пет клучни столбови, меѓу кои и обновување на досегашната кадровска понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...