fbpx

Самсунг не доделува 800 телефони за тие што ќе напишат „Среќен роденден“

Станува збор за лажна наградна игра којашто се споделува  од лажна фан-страница што има само 86 следбеници. Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана.

-

Станува збор за лажна наградна игра којашто се споделува  од лажна фан-страница што има само 86 следбеници. Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана. Таму има над 162 милиони следачи, секојдневни професионални реклами, информации за фирмата, линкови до официјалната веб-страница, телефони за контакт итн., односно има голем број информации кои ја гарантираат нејзината веродостојност. На таа страница не се споменува никаква наградна игра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува фотографија од Самсунг мобилни телефони и пишува:

Роденденско изненадување на Самсунг 2023!

За да го прослави својот 84 роденден на Самсунг, тимот на Самсунг испраќа 800 специјални телефони на Самсунг до сите што ќе им посакаат Среќен роденден до 2 март 2023 година.

Среќно!

Во коментар под објавата, (која има 259 допаѓања, 230 споделувања и над 448 коментари) се споделуваат „дополнителни услови за учество“ и се вели дека за да учествуваат, корисниците треба да ја лајкнат страницата, да ја споделат објавата со нивните пријатели или во групи и доколку имаат среќа, тогаш тимот на Самсунг ќе им испрати приватна порака.

Од коментарите во објавата е евидентно дека голем број на корисници на социјалната мрежа поверувале и почнале да ги следат „условите за учество во наградната игра“. Но, овие услови се лажни, наградната игра е фабрикувана и за таа цел е злоупотребен брендот на Самсунг.

Самсунг има своја сопствена официјална фан-страница на Фејсбук  и пишува дека станува збор за официјалната фан-страница на Самсунг во Македонија. Оваа фан-страница има стотици милиони следбеници, официјална адреса на претставништвата, постојани промотивни споделувања на најнови брендирани производи од електрониката на Самсунг.

Лажната фан-страница, пак, од каде што се споделува непостоечката наградна игра, има само 86 следбеници.

Тоа е првиот показател дека таа не е валидна. Дополнително, она коешто исклучително сугерира дека станува збор за невистинита наградна игра е „леснотијата“ за добивање на наградите, „само со оставање на еден обичен коментар“, а и тоа што не се кажува дека добитниците ќе бидат објавени јавно, туку дека ќе бидат „исконтактирани во приватна порака“. На таков начин, всушност, се очекува дека никој подоцна нема да ја спори валидноста на „наградната игра“, бидејќи нема јавно да бидат објавени добитниците. Сомнително е и тоа што нема објавено официјални правила на наградната игра, како што вообичаено прават реномираните брендови. Пораката оставена во склоп на постот којшто се претставува како „наградна игра“ е исклучително автоматизирана, односно истиот текст е користен и во слични вакви измами, само со различни брендови и различни фотографии.

Во објавата што ја рецензираме неточно се тврди дека Самсунг го прославува 84-тиот роденден, иако станува збор за јужнокорејска компанија основана  на 1 март 1938 година од страна на Ли Бјуинг Чул, но тогаш била продавница за прехранбени продукти. Првпат влегува на пазарот за електронска индустрија во 1969 година со неколку дивизии специјално фокусирани на електрониката, од кога се поминати 54 години (до 2023 година).

Самсунг е едно од најпрепознатливите имиња во технологијата, односно за компанија која произведува една петтина од тоталниот извоз на производи од Јужна Кореа во другите држави од светот.

Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана. Таму има над 162 милиони следачи, секојдневни професионални реклами, информации за фирмата, линкови до официјалната веб страница, телефони за контакт итн., односно има голем број информации кои ја гарантираат нејзината веродостојност. На таа страница не се споменува никаква наградна игра.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за лажна наградна игра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...