fbpx

Најмалку 10 загинати и 15 ранети во Истанбул, нема повредени Македонци

-

Најмалку 10 загинати и 15 ранети има во центарот на Истанбул, откако бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот во близина на група туристи што го разгледувале градот.

Генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул, Зерин Абаз, за „Мета“ изјави дека според информациите што досега ги добиле, нема загинати ниту повредени македонски државјани. Оттаму велат дека ниту еден Македонец не го контактирал конзуларното преставништво, но дека тие им стојат на располагање на сите македонски државјани во Истанбул.

Очевидци и турските полицајци сведочеле дека на местото на настанот имало расфрлани делови од телата на убиените случајни минувачи.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахмет, покрај најголемата туристичка атракција, џамијата „Султан Ахмед“, попозната како Сина џамија.

Локалните медиуми пишуваат дека се слушнале уште неколку експлозии, а полицијата го блокирала тој дел од градот.

Целото подрачје го надлетуваат хеликоптери.

Некои медиуми известуваат и дека, наводно, експлозивната направа била поставена под една од клупите на плоштадот покрај џамијата. Според агенцијата „Доган“, меѓу загинатите туристи има германски државјани.

Ниту една терористичка група засега не ја презеде одговорноста за овој напад.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...