fbpx

Само српски „Спутник“ виде албанска војна во Македонија

-

Изданието на српски јазик на новинската агенција „Спутник“ (која е во сопственост на руската држава) неодамна (06.02.2020) излезе со спектакуларен наслов „Албанска војна во заднина на кампањата во Македонија“.

Ваквото тврдење, искажано во насловната конструкција, но и во содржинскиот дел на текстот, каде се наведува дека меѓу партиите на Албанците во Македонија се води „вистинска мала војна“, нема никаква допирна точка со реалноста, пишува „Вистиномер.мк“.

Наспроти тоа што овој тенденциозен напис го турка наративот дека албанските партии водат „војна“, всушност, се работи за политичка битка меѓу партите од албанскиот блок. Ништо поразлична, ниту пожестока од кампањата кај партиите од македонскиот блок. И во двата политички корпуса разликите меѓу владејачките и опозициските партии се прилично нагласени, особено поради троа што е во прашање изборен период и кампања (иако таа официјално не е започната). Значи од „војната“ на „Спутник“ во стварноста нема ниту „в“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...