fbpx

Само што почна, „паузирана“ седницата за разрешувањето на Зврлевски

-

Седницата на Собранието на Република Македонија на која треба да се расправа за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, продолжи денеска во 11 часот, но веднаш беше прекината откако координаторот на седмата од десетте пратенички групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, побара еден час пауза.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара од Стевананџија да објасни „од која пратеничка група, од која политичка партија, од кој субјект бара пауза“ и, сепак, и покрај бурните реакции од мнозинството, ја прекина седницата.

Џафери, во четвртокот откако двајца од координаторите побараа пауза, ја прекина седницата и го најави нејзиното продолжение за денеска.

На днешното продолжение би требало да се расправа за oдлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, по што следува расправата за разрешувањето на Зврлевски.

На дневниот ред се и годишни извештаи на некои агенции, како и предлог-законот за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...