Само седум жени во светот смеат да носат бела облека при посета на папата

Меѓу привилегираните се Шарлин, принцеза од Монако, кралицата Матилда од Белгија, шпанската кралица Летиција, големата војвотка Марија Тереза од Луксембург и принцезата Марина од Наполи

-

Папата Франциско почина во понеделник наутро во Ватикан, а една од своите последни приватни аудиенции ја одржа на 9 април во резиденцијата Каса Санта Марта во Ватикан, каде што се сретна со британскиот крал Чарлс и кралицата Камила по повод нивната 20-годишнина од бракот, пренесува Н1.

Кралицата Камила за таа прилика носеше црн фустан, а поради својата титула не требала да носи вел преку главата. Имено, според ватиканскиот протокол, жените при средба со папата мораат да носат долги ракави, свечена црна облека и црн вел што ја покрива главата. Сепак, како и секогаш и секаде, постојат исклучоци.

Што претставува „привилегија на белата боја“?

Само седум жени во светот смеат да носат бело во присуство на папата, според традицијата која на италијански се нарекува „il privilegio del bianco“, односно „привилегија на белата боја“. Тој исклучок е резервиран исклучиво за одредени католички кралици и принцези, кои имаат право да носат бела боја при посета, како приватни аудиенции, канонизации и посебни миси.

Принцезата Шарлин и кралицата Летиција меѓу жените со посебна привилегија

Меѓу привилегираните се Шарлин, принцеза од Монако, кралицата Матилда од Белгија, шпанската кралица Летиција, големата војвотка Марија Тереза од Луксембург и принцезата Марина од Наполи.

Освен нив, оваа привилегија ја имаат и две кралици чии сопрузи повеќе не се на престолот, а тоа се кралицата Софија од Шпанија и кралицата Паола од Белгија.

Самата привилегија не значи дека овие жени мораат да носат бело. На пример, кралицата Матилда при средбата со папата во септември 2024 година носеше бела облека, додека сопругата на принцот Алберт, принцезата Шарлин, понекогаш знае да облече и црн фустан.

Станува збор за многу ретка и симболична чест во рамките на Римокатоличката црква. Привилегијата е строго ограничена и се однесува само на жени од католички кралски семејства, кои имаат право при приватна аудиенција кај папата да носат бел фустан и вел, наместо традиционалната црна облека која симболизира понизност и почит кон Светиот Отец.

Правото да носат бело го имаат членки на кралските семејства од Шпанија, Белгија, Луксембург, Монако, како и историски од Баварија, Наполи и Две Сицилии.

Некои од познатите жени кои ја користеле оваа привилегија се кралицата Софија и кралицата Летиција од Шпанија, принцезата Шарлин од Монако и големата војвотка Марија Тереза од Луксембург.

Потребно е одобрение од Папата

Бело се носи исклучиво за време на формални, приватни аудиенции кај папата, најчесто во Ватикан, и тоа со претходно папско одобрение. Станува збор за високо протоколарен чин кој ја одразува и верската припадност и статусот во рамките на Римокатоличката црква.

ИзворН1

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...