fbpx

Само едно од 10 јавни претпријатија има меѓународен стандард за квалитет, 3/4 немаат акт за овластување, 2/3 не одговараат на прашања

-

Само едно од десет јавни претпријатија има меѓународен стандард за квалитет, три четвртини немаат акт за овластување за носење одлуки, а секое второ нема систем за управување со документи, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, на чиј прашалник за добро управување одговориле само една третина од поканетите државни и јавни претпријатија. Ова истражување ги потврдува наодите на друга анализа на ИДСЦ, според која секоја државна ревизија во јавните претпријатија во минатите пет години утврдила некое прекршување на закон или процедура.

Истражувањето на процедурални празнини во работата на јавните претпријатија било спроведено од 28 декември 2018 до 5 март 2019 година, а на прашалникот, доставен до 129 јавни претпријатија, 48 вратиле целосен или нецелосен одговор.

Секое второ јавно претпријатие нема систем за управување со документи, заклучило истражувањето. Овој систем, се нагласува во анализата, директно влијае на ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, овозможува брза и едноставна работа со документи како и дополнителна заштита при работењето.

Во најголем број од јавните претпријатија (76 отсто), не постои акт за овластување на донесување одлуки по раководни нивоа.

„Непостоењето на акт за овластување на донесување одлуки придонесува до намалување на ефикасноста во работењето, нејасно дефинирање на ингеренции во работењето како и неможност за правилна евалуација на работењето на раководните нивоа во јавните претпријатија“, нагласуваат аналитичарите.

Едно од три јавни претпријатија одговорило дека има стратегија зауправување со претпријатието, „ што е загрижувачки податок имајќи ја предвид важноста на овој документ “, се нагласува во анализата. Но, од тие што одговориле, само две претпријатија имаат среднорочна, а ниедно долгорочна стратегија. Едно од четири претпријатија со стратегија имаат акциски план за нејзино спроведување.

Помалку од половина јавни претпријатија (46 отсто) одговориле дека имаат показатели на успешноста.

„Само половина од јавните претпријатија имаат начин да ја мерат успешноста преку показатели за успешност, кај коишто имајќи предвид дека не секогаш постои долгорочна стратегија, не секогаш можат да бидат насочени за реализирање на истата“, утврдила анализата.

Две третини од јавните претпријатија немаат систем за следење на задоволството на корисниците.

„Оттука најголем дел од јавните претпријатија немаат систематски креирано мислење за квалитетот на своите услуги од страна на крајните корисници. Во недостаток на информација за задоволството на корисниците на услугите на јавните претпријатија се доведува во прашање мерењето на квалитетот и ефикасноста на работењето на јавните претпријатија како и правилно планирање на целите и стратегијата на јавното претпријатие во насока на подобрување на услугите и сервисите за крајните корисници.“

Од добиените анкетни резултати, само четири јавни претпријатија имаат применето меѓународни  стандардни за управување со квалитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...