Само 38 отсто од граѓаните во земјава веруваат во правосудниот систем, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Порталб“.

Прашани колку доверба имаат во судството, само четири отсто од испитаниците во Северна Македонија и девет отсто од испитаниците во ЕУ рекле дека имаат целосна доверба, додека со „донекаде имам доверба“ одговориле 34 отсто од жителите на земјава и 41 отсто од жителите на ЕУ.

Дури 62 отсто од испитаниците во Македонија и 50 отсто од жители на ЕУ одговориле дека не му веруваат на правосудството. Притоа, 28 отсто од жителите на Северна Македонија и 34 отсто од испитаниците од ЕУ рекле дека немаат доверба, а 34 отсто во Македонија и 16 отсто во ЕУ дека „воопшто немаат доверба“ во правосудниот систем.