Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Само 13 нови случаи (7 во Тетово и 6 во Скопје) на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од над 3.400 направени тестови. Процентуално земено, позитивни се помалку од 0,4 отсто од тестираните.

На ниво на држава, бројот на активни случаи во моментот изнесува 172, од кои најголем дел се во Скопје – 64, потоа во Тетово – 45, Кичево – 13 и Куманово и Охрид по 11. Во останатите градови бројот на активни случаи е минимален.

Изминатиот ден нема починати од ковид-19 а регистриран е еден оздравен пациент од Прилеп.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.