fbpx

Самит на Г7: Се засилуваат санкциите против Русија и се очекува присуството на Зеленски

Самитот треба да заврши со коминике за војната во Украина и со заедничка изјава на светските лидери во однос на употребата на нуклеарното оружје

-

Лидерите на членките на Групата седум (Г7) – САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада се согласиле да ги заострат санкциите против Русија, додека нацрт-комуникето што ќе биде објавено по нивните разговори во јапонскиот град Хирошима ја истакнува потребата да се намали зависноста од трговијата со Кина, пренесува Ројтерс.

Лидерите на Групата седум (Г7), на кои треба да им се придружи украинскиот претседател Володимир Зеленски, се обврзале дека ќе го ограничат секој извоз во Русија кој би можел да ѝ помогне во 15-месечната војна против Украина.

„Ова вклучува извоз на индустриски машини, алати и друга технологија што Русија ја користи за обнова на својата воена машинерија“, ја пренесува Ројтерс заедничката изјава, додавајќи дека ќе се продолжи со ограничувања на руските приходи од трговијата со метали и дијаманти.

Ројтерс пренесува и дека силите на Г7 сè повеќе ја гледаат Кина како закана за економската безбедност, но нејзиниот статус како втора по големина економија во светот значи дека нема алтернатива за барање соработка.

„Нашите политички пристапи не се дизајнирани да ѝ наштетат на Кина и ние не се обидуваме да го попречиме економскиот напредок и развој на Кина“, се вели во нацртот кој го пренесува Ројтерс, а кој сè уште е предмет на промени.

За време на самитот на Г7 во Хирошима, лидерите се фокусираат на руската војна во Украина, економската безбедност, зелените инвестиции и ситуацијата во индо-пацифичкиот регион. Не се знае кога точно Зеленски ќе пристигне на самитот во Јапонија, но најверојатно тоа ќе се случи во недела, пренесува Би-Би-Си.

Самитот треба да заврши со коминике за војната во Украина и со заедничка изјава на светските лидери во однос на употребата на нуклеарното оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...