САМИТ НА БРИКС ВО КАЗАН: Огромно внимание од македонските медиуми уште пред да почне настанот

Речиси три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит со повеќе од десетина светски лидери. Тоа е јасен сигнал од рускиот претседател дека не само што не е изолиран, туку зад него стои моќна коалиција на земји, пишува CNN

-

Како ретко кој настан што е поврзан со современата геополитичка ситуација поконкретно за односите меѓу Западот и Русија, медиумите на македонски јазик одвоија огромен простор за денешниот самит на БРИКС во Казан, Русија, дури и пред да почне. Пренесуваме дел од она на што се фокусираат домашните медиуми, при што доминираат насловите за светска деблокада на Русија, за се поголемо економско поврзување на незападните земји и за учеството на Србија и Република Српска од регионот на Западен Балкан на самитот, пишува Вистиномер. 

Текстот го објавуваме во целост:

 

Медиумите на македонски јазик му посветија огромно внимание на самитот на БРИКС во рускиот град Казан, дури и пред да почне. Доминираа наслови кои укажуваат на зголеменото влијание на Русија преку оваа организација, при што рускиот претседател Путин се обидува да му покаже на светот дека неговата земја не само што не е изолирана, туку собира сè повеќе светски лидери. Токму такви наслови се сретнаа кај некои од медиумите (тукатука и тука). Истовремено дел од медиумите го пуштија и видеото од церемонијата вечерта пред отворањето, пренесувајќи опширен прилог на Ал Џезеира.

Речиси три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит со повеќе од десетина светски лидери. Тоа е јасен сигнал од рускиот претседател дека не само што не е изолиран, туку зад него стои моќна коалиција на земји, пишува CNN, пренесува еден од медиумите.

Речиси половина од најважните светски лидери, вклучувајќи ги Си Џинпинг, Нарендра Моди и Реџеп Таип Ердоган, се собираат во Казан, Русија, на самитот на БРИКС, со цел да ја оспорат доминацијата на Западот. Настанот го претставува најголемиот руски дипломатски собир од нејзината инвазија на Украина, демонстрирајќи го отпорот на Москва кон изолацијата на Западот. Самитот се одржува од 22 до 24 октомври.

Дваесетина светски лидери денеска се собираат во Русија на отворањето на самитот на групата БРИКС, сојуз на економии во развој, за кој Кремљ верува дека ќе ја предизвика западната хегемонија.

Самитот е најголемиот таков состанок на Русија откако нареди војници во Украина и се случува во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин се обидува да покаже дека обидите на Западот да ја изолира Москва поради офанзивата која траеше две и пол години не успеајапренесува медиумот.

„Кинескиот лидер Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – сите клучни партнери за Русија – треба да присуствуваат на самитот, кој ќе се одржи во градот Казан од 22 до 24 октомври“, пишува порталот пренесувајќи српски портал, вклучително и насловот на текстот во српскиот медиум: „ГО ГРАДИ БРИКС ЦИГЛА ПО ЦИГЛА: Путин бара економско единство, Западот покажува загриженост“.

Нациите од БРИКС претставуваат 45% од светското население и 35% од глобалната економија, иако половина од економската моќ отпаѓа на Кина.

‘БРИКС не сака никому да се спротивставува, но промената на двигателите на глобалниот раст е едноставно факт. Ова е здружение на држави кои работат заедно врз основа на заеднички вредности заедничка визија за развојот и принципот на земање предвид на меѓусебните интересикажа Путин пред почетокот на самитот’пренесува друг медиум на македонски јазик.

Србија и Република Српска – кој ги претставува?

Дел од медиумите се фокусирани и на Србија и на претходниот телефонски разговор меѓу Путин и Александар Вучиќ. Притоа се истакнува изјавата на Вучиќ дека нема да присуствува на самитот од причини за кои верува му се јасни и на Путин, дури и да не бил зафатен со приемот на полскиот претседател на 23 октомври во Белград. Но, притоа медиумите и во насловите истакнуваат дека Србија ќе биде претставена преку четиричлена министерска делегација предводена од вицепремиерот Александар Вулин. Дел од медиумите ја пренесоа и изјавата на Вулин со критика за политиката на ЕУ, наведувајќи дека „најбрзиот пат за зачленување се чинело е да војувате со Русија“.

Друг дел од медиумите пак, се фокусираа и на изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик, дека „е голема чест за РС да присуствува на настанот“:

Укажана ни е голема чест да можеме да се појавиме на Самитот на БРИКС во Казањ“ во Русија, каде самитот на таа група се одржува следната недела… Сакаме да бидеме таму каде што се зборува за растот, развојот и новите можности за соработка“, кажа тој… „Сега постојат некои притисоци, па дури и закани, условувања, но изборите во Америка ќе покажат колку Европа наивно ги следеше сите нивни условувања и како некои политики се менуваатдодаде Додик истакнувајќи дека РС ќе ја продолжи политиката на неутралност.

Медиумите всушност пренесоа агенциска вест од интервјуто на Додик за официјална новинска агенција на РС, СРНА.

Но, медиумите и од денот на одржување на самитот пренесуваа изјави од Додик: „Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска Милорад Додик изјави денес во Казањ во Русија дека БРИКС е единствената сигурна и стабилна алтернатива на постоечкото уредување на светот и дека тоа „мировно движење“ треба уште повеќе да зајакне“, пишува еден од домашните медиуми.

Пишува: Теофил Блажевски

 

hubmk

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради...