fbpx

Самарас му се налути на Лондон: Грчката историја не се дели и не се позајмува!

-

Грција е гневна на одлуката на Британскиот музеј на Русија да ѝ се позајмат дел од Еглиновите мермери. Откако веста предизвика голем број реакции на социјалните медиуми, со критика и со осуда до музејот во Лондон се јави и грчкиот премиер Андонис Самарас, кој потегот го нарече навреда и предзивикување на грчкиот народ.

Според Самарас, со овој потег престанува да важи британскиот аргумент дека нема да дозволат да се поместат мермерите од Партенон и поради тоа не сакаат да ѝ ги вратат на Грција, како и аргументот дека нема соодветен простор да се чуваат мермерите од моментот кога е отворен новиот музеј на Акропол.

„Партенон и мермерите беа предмет на кражба. Вредноста на мермерите е бесценета. Ние, Грците, сме идентификувани со историјата и со нашата култура и тие не се делат, не се позајмуваат и не се подаруваат!“, изјави Самарас во веќе познат тон за важноста на грчката историја и на археолошки артефакти за грчкиот идентитет.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...