Пинткрин од твитот кој ја содржи дезинформацијата

Редакцијата на порталот „сакамдакажам.мк“ соопшти дека денеска поднела кривична пријава до МВР против непознат сторител за фалсификување на логото на редакцијата и ширење дезинформации.

Имено, вчера на Твитер, поточно на профилот на корисник потпишан како „Пази леџа, #Движење бојкотирам”, се појави фабрикувана вест со провокативен и лажен наслов во кој се тврди дека „изборите на 15 јули ќе се искористат гласачите да се вакцинираат преку проектот на Бил и Мелинда Гејтс“. На твитот имаше наводен скриншот на кој е вметнатно логото на „сакамдакажам.мк“. Меѓутоа, ваква вест никогаш не била објавена на овој портал, а фотографијата со која се манипулира јавноста е груба фотомонтажа. Дезинформацијата, покрај со логото на порталот, ги користи и графичките елементи на позадината на веб-страницата и изгледа како навистина да бил објавен на овој портал.

“Кривичната пријава е поднесена против против непознато лице корисник/сопственик на твитер профил со назив: @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“, пишува „сакамдакажам.мк“.