Сакал да се бори во Украина на страната на Русија за плата од 3.000 евра, бил уапсен на скопскиот аеродром

Осомничениот, на почетокот на октомври заминал за Москва преку Белград, а полицијата добила сознанија дека шест дена подоцна тој се враќа во земјава

-

Македонски државјанин со иницијали Ј.К. е осомничен за учество во странска војска откако заминал за Москва со цел да се бори во Украина на страната на Руската федерација. Како што информираше Министерството за внатрешни работи, осомничениот откако претходно видел пропаганден материјал со повик за служење во војската на Руската Федерација, преку одредена интернет платформа за која не се прецизира која, „стапил во контакт со НН машко лице“. Во соопштението на МВР се вели дека ова „НН машко лице“ му се претставило на Ј.К. како задолжен за регрутација на војници во руската војска со плата од 3.000 евра.

Осомничениот, на почетокот на октомври заминал за Москва преку Белград, а полицијата добила сознанија дека шест дена подоцна тој се враќа во земјава.

„Искажувајќи подготвеност за приклучување на новоформиран одред во рамки на руската армија наменет за борба на воените фронтови во Украина, пријавениот на 05.10.2024 година од Меѓународен аеродром Скопје преку Белград заминал во Москва, Руската Федерација“, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму се додава дека откако полицијата дознала дека Ј.К на 11.10.2024 г. ќе се врати во земјава преземале „оперативно тактички мерки“ и извршиле разговор со него уште при неговото слетување на аеродромот.

Во разговорот тој го појаснил начинот на кој заминал во Руската Федерација каде што, според МВР, „престојувал една недела во обид да се вработи како војник во Руската војска“.

Тој ан полицијата ѝ рекол дека откако пристигнал во Москва бил сместeн заедно со уште три лица странски државјани и при тоа бил известен дека треба да го даде пасошот за да биде средена документацијата, а по извршен медицински преглед ќе потпишел договор за работа во Руската војска и ќе бил однесен во камп за обука каде ќе се обучувал за борба во Украина.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Ј.К. за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации” (член 322-а ст.3 в.в член 19) од КЗ.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК од кривично пријавениот одземени се повеќе предмети и документација врз кои е извршено форензичко вештачење и анализа.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка, на 29.11.2024 година извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ј.К, кој е лишен од слобода и изнесен пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...