Вебсајтот Nexus Mods е најкористениот сајт за модификации на видеоигри во светот, на којшто минатата година беа достигнати 10 милијарди симнувања. По откажувањето на основачот и одржувачот на сајтот, Робин Скот, познат по надимакот „Dark0ne“, сајтот доби нови сопственици. Се работи за фирмата „Chosen“, пренесува Писи Гејмер.
Досега модифицирањето на игрите преку сајтот беше сосема бесплатно, но корисниците се испаничија поради тоа што помислија дека со новите сопственици сајтот ќе има опции за монетизација.
„Модовите секогаш ќе бидат бесплатни. Нема да се наплаќа за симнување на модови, фирмата Chosen нема план да превзема сопствеништво на модовите што се аплодираат на Nexus, нема да се додадат рестрикции на бесплатните корисници на сајтот (премиум корисниците добиваат зголемени брзини за симнување) и секој корисник што купил целоживотен премиум акаунт претходно, кога таквите акаунти беа достапни, нема да му се прекине пристапот до вебсајтот.“ претставникот Foledinho од фирмата Chosen ја демантираше изјавата дека сајтот ќе биде монетизиран.
Оваа изјава и многу други убедувања дека сајтот ќе продолжи со фер однос кон корисниците стави крај на паниките кои ги створија гејмерите кога по 24 години одржување на сајтот Робин Скот изјави дека отстапува од одржување на сајтот, преку неговата неодамнешна изјава, каде што изјави: „Напрегањето да се биде одговорен за ова големо чудовиште што го создадов си ја зема својата цена.“
Во продолжение од Nexus Mods изјавија дека имаат тим од 40 луѓе, посветени на идеите и истиот однос на основачот. Така што овие паничења на гејмерите ширум светот се покажаа како неосновани.
Nexus Mods низ годините се користи за многу видеоигри, од кои најистакната е Скајрим, игра за која имаме и претходни написи, особено за модифицирањето од поединци или ентузијасти, кои со дадените алатки внесуваат сосема нови кампањи што изгледаат како сосема нови игри.
Во правењето на најновата верзија на играта Обливион што и претходеше на Скајрим за која имаме и посебен напис, за ремастерот претходните модирања од ентузијасти одиграа голема улога.
Иако има голем број игри што се модифицираат, од најпознатите релативно скорешни игри има најистакнати модирања на насловите, за кои имаме претходни написи на линковиве: Baldur’s Gate 3, Cyberpunk 2077, Witcher 3 и Sekiro.
Модовите во игрите најчесто додаваат и бесплатни скинови и сетови на скинови (за важноста на скиновите во онлајн игрите имаме и посебен водич) кои преку модирање во Single Player игри се бесплатни (со исклучок на додадени продажни содржини како делукс едиции и директни скинови од официјални девелопери од големи фирми) додека во мрежни и онлајн игри се тотално платежни, најчесто го менуваат изгледот на ликот и оружјата во дадена игра да изгледа подобро со варијанти за различни вкусови на изгледи од кои гејмерите и гејмерките може да бираат. Nexus Mods сајтот сеуште останува број еден вебсајт во светот за модифицирање на видео игри.