fbpx

„Сахара груп“ ќе го реконструира хотелот „Славија“ во Охрид

-

Охрид ќе добие нов луксузен хотел откако групацијата „Сахара“ денеска преку соопштение информира дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот „Славија“ се завршени, а градежните работи ќе почнат до крајот на овој месец, пренесува порталот „Охрид прес“.

Групацијата „Сахара“ е посветена на своите инвестиции во Република Македонија иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме на туризмот и на угостителството. „Сахара“ моментално е поддржана преку своите канцеларии и оператива во Скопје и во Охрид, каде тим од 10 луѓе работи и наскоро ќе почне со регрутација на повеќе лица за своите бизнис-активности“, се наведува во официјалното соопштение од компанијата.

Оттаму велат дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија. Нивната задача е да го претворат стариот хотел во модерно здание. Договорите со изведувачите се веќе подготвени и потпишани, а официјалниот почеток на градежните зафати се очекува во наредните седмици, за хотелот да биде подготвен за следната туристичка сезона.

Групацијата „Сахара“ го купи хотелот „Славија“ на брегот од Охридско Езеро во 2013 година.

Индиската компанија во Македонија влезе преку контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, кој е основач и претседател на групацијата. Во март 2014 година, тој беше притворен од индиските власти поради проневера тешка околу две милијарди фунти и сè уште се наоѓа во затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...