fbpx

Сагата со јазиците ги турна на страна и името и ЕУ и НАТО…

-

Освен за сапунската серија со прислушувани разговори и судски процеси околу коруптивната афера „Рекет“во која како сведоци, обвинети и притворени се јавуваат познати личности од политичката, јавната и бизнис сферата, атмосферата ја поткрена и нацрт верзијата на заклучоците на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.

Во кревката меѓуетничка клима во земјата, овој Закон беше уште еден повод за размена жешки изјави меѓу македонската и албанската заедница. Во драфт верзијата на Комисијата, се наведува дека „Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена“. 

Премиерот Заев најави градење на заеднички ставови за препораките на Венецијанската комисија со цел тие да имаат соодветна примена 

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби рече дека Законот за јазиците се спроведува како мед и млеко“. 

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека препораките од Венецијанската комисија ќе се применат, со забелешка дека ќе се води сметка неговата имплементација да нема негативни влијанија. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека Законот за јазици е „правна дивоградба“ и најави дека ќе поднесат амандмани. 

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, во интервју за Македонското радио изјави дека „кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијално или целосно“. 

Бура од реакции во јавноста предизвика и ставот на Бугарската академија на науките (БАН), според кој официјалниот јазик во Република Северна Македонија е писмено-регионална норма на бугарскиот јазик. Ова мислење на тамошните академици доаѓа како одговор на Повелбата за македонскиот јазик која ја усвои Македонската акаденија на науките и уметностите во која се наведува дека македонскиот јазик има „многувековен континуитет“. 

Премиерот Зоран Заев вчера (12.12.2019) најави дека Република Северна Македонија ќе реагира на ваквата оценка на БАН. 

Во врска со споменатата оценка на БАН п
ретседателот Стево Пендаровски изјави дека ставот на бугарските академици дека не постои македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век. 

Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, пак, не е изненаден од ваквиот став на БАН:„Не гледам ништо ново. Тоа е генералниот став на сите лингвисти во Бугарија. Но, ова ги доведува во апсурдна ситуација и односите меѓу двете земји, а секако и работата на заедничката Комисија“. 

И, токму овие теми се наметнуваат како важни во моменти кога се очекува да се направи исчекор и да се откочи процесот на евроинтеграциите. Забележливо е дека повеќе никој не се занимава со Договорот од Преспа и „вечната тема“ – промената на името, прашање околу кое се поткреваше политичката атмосфера и беше клучен услов за остварување на македонската евроинтеграција. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...