fbpx

Саемот во Франкфурт е голема можност за претставување на компаниите

-

Македонските компании денеска се запознаа со можностите за претставување на саемот во Франкфурт.

Саемот не е комерцијален, туку е наменет за деловни активности во насока на зголемување на бизнис-активностите на компаниите од областа на текстилната индустрија, стоки за широка потрошувачка, автомобилска индустрија, техника, забава.

– Македонските компании можат да одат на нашите саеми како посетители или како излагачи, да ги претстават своите производи, да најдат застапници, да добијат свежи идеи, да согледаат што работи конкуренцијата, да ги видат моменталните трендови во светот – изјави застапникот на франкфуртскиот саем за Македонија, Марко Кољашиќ.

Според Стопанската комората, каде што се одржа презентацијата, условите што ги нуди франкфуртскиот саем се одлична можност за македонските компании да го зголемат извозот и да остварат нови деловни соработки со кои ќе се пробијат на нови пазари.

Саемот во Франкфурт има голема традиција и како бренд е присутен на повеќе саемски манифестации низ светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...