fbpx

САД: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава

-

САД силно веруваат дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, изјави денеска в.д. амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер-Блум.

-Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година – рече Швајцер-Блум во изјава за МРТВ во врска со пристапните преговори за земјата, објавена на фб-статусот на Американската амбасада.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, вчера во Луксембург донесоа одлука според која земјите членки на Унијата ќе се навратат на прашањето за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија најдоцна во октомври, 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...