fbpx

САД: Објавена снимка од убиството во Шарлот, протестите продолжуваат

-

Во американскиот град Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, четврта ноќ по ред се одржаа протести, кои избија откако полицијата уби Афроамериканец.

Семејството на убиениот 43-годишен Кит Ламонт Скот утрината објави снимка од настаните што му претходеле на убиството. Стотина насобрани демонстранти бараа од полицијата да ги објави сите снимки од настанот.

Видеозаписот кој го објави телевизиската мрежа „Ен-би-си“, го снимила сопругата на убиениот, Раки Скот. Таа се приближила до местото на кое неколку полицајци во панцир држеле вперено оружје во нејзиниот сопруг, викајќи им да не пукаат затоа што не е вооружен.

Полицијата наведува дека на Скот повеќепати му било речено да го положи оружјето пред да биде убиен, но очевидци тврдат дека тој во раката држел книга.

Полицаецот што го уби Скот, исто така, е Афроамериканец.

Шарлот е еден градовите во САД во кои веќе две години се одржуваат протести поради полициските убиства на Афроамериканци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...