fbpx

САД: Милијардер близок до Путин под истрага за перење пари

-

Руски милијардер, близок до Владимир Путин, се најде под истрага во САД за перење пари и за тргување со нафта, јавува „Њујорк тајмс“.

Службеник на американските федерални власти во средата соопшти дека американското министерство за правосудство покренало истрага за перење пари, а во центарот на истрагата се наоѓа Генадиј Тимченко.

– Случајот е кај федералниот обвинител од Бруклин и кај агентите на ФБИ од Њујорк – соопшти службеникот за весникот.

Обвинителството ги истражува трансаксциите во кои „Гунвор груп“, компанијата што ја основа Тимченко, купувала нафта од руската „Роснеф“ и ја продавала на трета страна, пишува „Вол стрит џурнал“.

Во текстот на „Вол стрит џурнал“ се наведува дека трансакциите се реализирани пред САД во март да воведат санкции против некои руски поединци и компании поради украинската криза, но би можело да се работи за перење пари доколку средствата се заработени незаконски, со продажба на државен имот и ресурси, вклучувајќи и нафта.

Тимченко е еден од првите руски бизнисмени против кој САД воведоа санкции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...