САД се обидуваат да ја утврдуваат автентичноста на аудиоснимката на која наводно се слуша лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

– Запознаени сме со случајот со аудиоснимката на која наводо се слуша Абу Бакр ал Багдади и преземаме чекори за да го истражиме. Иако немаме причина да сомневаме во нејзината автентичност, во овој момент немаме официјална потврда – велат извори од разузнавањето на САД.

Снимката што ја објави Исламска држава преку новинската агенција „Ал Фуркан“, поврзана со џихадистите, е прва снимка од Ал Багдади од ноември 2016 година.

На снимката лидерот на ИД ги напаѓа „неверните држави на чело со САД, Русија и Иран“, кои со своите сојузници им нанеле загуби на џихадистите за време на одвоени борби против ИД во Сирија и во Ирак.

Снимката е објавена откако имаше шпекулации дали Ал Багдади е жив или убиен и откако ИД изгуби поголем дел од територијата која ја контролираше во Ирак и во Сирија.