fbpx

САД ја повикаа Русија да придонесе за де-ескалација на тензиите во Украина

-

Русија треба да направи паметен избор и да спречи воен упад во Украина, истакна заменик-државната секретарка на САД Венди Шерман. Епилогот од неколкучасовната вчерашна средба на Советот НАТО-Русија, којшто следуваше по директните средби на американската и руската делегација во Женева, доведе до тоа двете страни да констатираат дека нема напредок од средбите.

„Не сум баш сигурна зошто Русија се чувствува толку загрозена од Украина. Русија е огромна земја со многу ресурси, постојана членка на Советот на безбедност“, изјави за Јуроњуз Венди Шерман.

Американската заменик-државна секретарка во изјавата се запраша зошто Русија се заканува на многу помала земја, која што е демократија во развој.

„Сите (НАТО сојузници) зборуваа како еден денес на овој речиси четиричасовен состанок на Советот НАТО-Русија. Русите добија многу време за да ги остават своите грижи на маса и да започнат дијалог“, објасни Шерман.

Земјите-членки на НАТО остануваат на својот став дека никој нема право да стави вето на понатамошното проширување на Алијансата, при што Шерман посочува дека тоа е одлука само на НАТО.

„Секој треба да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на една земја. Русија треба да де-ескалира и ние треба да продолжиме да работиме на прашања и области каде што можеме да работиме заедно за да ја зголемиме меѓусебната безбедност“, истакна американската заменик-државна секретарка.

Средбата меѓу делегациите на САД и Русија, како и одржувањето на Советот НАТО-Русија по две години пауза, следува во период кога Русија распореди огромни воени единици на самата граница со Украина и на анектираниот полуостров Крим, којшто според проценките, вклучува околу 100.000 војници, тенкови и друга воена опрема.

Западните власти, заедно со Украина, стравуваат дека официјална Москва подготвува терен за воена инвазија и за натамошно окупирање на делови од оваа источно европска земја.

Си-ен-ен јавува дека САД во изминативе недели анализираа цела серија на возможни санкции против Русија.

„Финалниот пакет ќе зависи од тоа со какво сценарио всушност ќе се соочиме“, изјавил за Си-ен-ен неименуван официјален претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

САД се свесни околу проблемите што би можело да ги предизвикаат острите санкции на европско тло, особено околу испораката на природниот гас кон земјите-членки на ЕУ. Си-ен-ен пишува дека САД во соработка со европските земји разгледуваат различни опции за снабдување со природен гас од Норвешка, Холандија, Катар, ОАЕ, како и промена кон различни извори на енергија.

Инаку, официјална Москва на средбите во Женева и за време на одржувањето на Советот НАТО-Русија предложи договор од осум точки, во којшто како услов за повлекување на своите војници од границата со Украина побара обврзувачка гаранција дека НАТО нема прима нови земји-членки во Источна Европа, ќе ја исклучи можноста за членство на Украина во НАТО, но и да ги повлече своите воени сили стационирани во актуелните земји-членки на НАТО од Централна и Источна Европа.

„Подготвени сме да се договориме на урамнотежени и проверливи намалувања на силите како дел од договорите за конвенционално или нуклеарно оружје. Но, ние не сме подготвени за еднострано намалување, особено не во ситуација на значително зголемување на руските воени сили“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за Јуроњуз.

Тој во одделно интервју за Јуроњуз ја предупреди Русија дека ако уште еднаш употреби сила против Украина, тоа ќе доведе до тешки последици за Русија во форма на економски и политички санкции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...