fbpx

САД и НАТО остануваат во Авганистан и по крајот на годинава

-

Авганистанскиот парламент денеска го усвои договорот со САД и со НАТО со кој на меѓународните сили ќе им биде овозможено да останат во Авганистан и по крајот на оваа година, пренесуваат амерканските медиуми.

Меѓународната воена мисија во Авганистан почна во 2001 година и требаше да заврши на крајот на оваа година.

Со новиот договор, кој беше ратификуван од авганистанскиот парламент, САД и НАТО ќе можат да задржат вкупно 12.000 војници во Авганистан следната година, кои ќе бидат поддршка на авганистанските сили.

Новиот договор е постигнат, откако весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека претседателот на САД, Барак Обама, потпишал тајна наредба со која се дозволува проширување на американската воена мисија во Авганистан во наредната година.

Како што наведува весникот, со оваа одлука се обезбедува директна улога на американските војници во Авганистан за уште најмалку една година, а одлуката Обама ја донел на состанок со советниците за национална безбедност изминатите недели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...