fbpx

САД го одбележуваат Денот на независноста, во Скопје огномет од 21 часот

-

САД денеска го одбележуваат државниот празник 4 јули – Денот на независноста, а по тој повод Амбасадата на САД во Скопје организира виртуелна прослава и огномет во Скопје. Второто виртуелно одбележување на 245-тиот роденден на американската нација ќе започне во 20:40 часот во живо на Фејсбук и на телевизија Канал 5, информираат од Амбасадата на САД во Скопје.

Американската амбасада ги поканува граѓаните да го проследат традиционален огномет на Скопското Кале, со почеток од 21 часот.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упатија честитки по повод Денот на независноста на САД.

„Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија“, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.

Премиерот Зоран Заев во честитката по повод државниот празник во негово лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Северна Македонија, им го честиташе 4 Јули, на сите граѓани на САД.

„Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство“, истакна во честитката премиерот Зоран Заев.

Честитка по повод Денот на независноста до сите американски граѓани денеска на Фејсбук упати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го цитираше поранешниот американски претседател Џон Кенеди: „Не прашувајте што може државата да направи за Вас, туку што можете Вие да направите за неа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...