fbpx

САД донираше нова лабораторија за микробиологија на Институтот за јавно здравје

-

Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, и директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети денеска го означија почетокот на работа на лабораторијата за микробиологија, во рамки на Институтот за јавно здравје. Тие направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и во микробиолошките лаборатории во Институтот, чија реализација и реконструкција беше изведена со донација од САД.

„ИЈЗ година и пол интензивно работи на менаџирање на кризата, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките. Вработените практично 24 часа работат и ги зголемуваат капацитетите на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека на соодветен начин се акредитирани за детектирање секаков тип патогени предизвикувачи, на било каква болест“, изјави Филипче, потенцирајќи дека со тоа сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина.

Проектот-донација од САД започна во 2018 година, објасни амбасадорката Брнз, посочувајќи дека е тоа инвестиција во здрaвствената безбедност.

„Проектот се реализираше и во услови на пандемијата и неговото завршување ја потенцира заложбата на сите засегнати страни за реализација. Се потврдува дека со правилна инвестиција, може да се реализираат чуда. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите и во научниците. Како и во САД, и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат“, изјави Брнз.

Според директорот на ИЈЗ Мемети, САД покажаа разбирање и спремност за ова реновирање, како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија.

Донацијата е од близу 570.000 долари, а вкупната помош на САД за зајакнување на  здравствениот систем на земјава изнесува речиси 2 милиони долари. Преку амбасадата на САД во првиот и во вториот епидемиолошки бран беа дополнети залихите на лична заштитна опрема, како и на техничката опрема која беше неопходна за спроведување на работата на медицинскиот кадар. Благодарение на сите донации, се зголеми капацитетот за тестирање и дијагностика на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...