Македонската влада и Министерството за одбрана денеска ги претставија пред јавноста 29те нови оклопни возила купени од САД. На денешната презентација на возилата во штипската касарна „Јане Сандански“, присуствуваа амбасадорката на САД, Ангела Агелер, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

„САД секогаш даваат поддршка и се тука кога треба да разговараме во делот на модернизација на македонските вооружени сили и убеден сум дека како стратешки партнери, можеби ние сме во случајот многу помал партнер споредено со САД, но сме значаен партнер бидејќи партнерствата се градат се одржуваат и во таа насока ќе продолжиме во годините коишто следат“, рече Мицкоски.