fbpx

С. Македонија е „делумно слободна земја“ според Фридом Хаус, но доби највисока оценка во последниве 7 години

Целосниот извештај за земјава ќе биде објавен наскоро, а минатата година можеше да се забележи дека во неколку клучни области, како на пример во правосудниот систем, правото на избор на работно место како и правото да се учествува на слободниот пазар, се споменуваше корупцијата како најголем проблем

-

Северна Македонија е „делумно слободна земја“, според најновиот глобален извештај „Слободата во светот 2023“ на Фридом Хаус. Земјава оваа година има резултат од 68 од максимални 100 поени, што е подобрување за еден поен во споредба со лани.

Ова е највисоката оценка за земјава според рангирањето на Фридом Хаус од 2017 година, иако редовно спаѓа во „делумно слободни земји“.

Фото: Принтскрин, freedomhouse.org

Во 2017 земјава имала 57 поени, во 2018 година 58, а во 2019 година 59. Голем скок доживува во 2020 година – 63 поени, во 2021 година има 66, а во 2022 година 67. Годинава има еден поен повеќе, односно 68.

Целосниот извештај за земјава ќе биде објавен наскоро, а минатата, 2022 година можеше да се забележи дека во неколку клучни области, како на пример во правосудниот систем, правото на избор на работно место како и правото да се учествува на слободниот пазар, се споменуваше корупцијата како најголем проблем.

„Останува загриженоста за ефикасноста и независноста на судството. ЕУ ги истакна судските реформи како клучен приоритет за кандидатурата за пристап на Северна Македонија“

„Процесите остануваат загрозени од корупција во правосудниот систем, во кој јавноста има мала доверба.Проблем останува и политичкото мешање во работата на обвинителите. Селективната примена на правдата, исто така, опстојува, иако владата спроведе извесни реформи со цел да го подобри ова прашање“ 

„Патувањето и движењето генерално се неограничени. Корупцијата може да ја попречи способноста на луѓето слободно да го изберат местото на вработување или образование“ 

„Правото на поседување имот и основање приватни бизниси генерално се почитува, иако корупцијата останува пречка за слободниот пазар“

Од земјите во регионот С. Македонија годинава е рангирана подобро од Босна и Херцеговина (52 поени), Србија и Косово (60) и Црна Гора и Албанија (67), додека подобри од земјава се Бугарија (79), Хрватска (84), Грција (86) и Словенија (95), која е меѓу најслободните земји во светот, според рангирањето на Фридом Хаус.

Најслободни земји оваа година се Шведска, Финска и Норвешка, кои имаат максимални 100 поени, а во првите десет држави се уште и Нов Зеланд (99), Канада (98), Ирска, Сан Марино, Луксембург, Холандија и Данска (97).

На дното на листата се наоѓаат Тибет, Јужен Судан и Сирија кои имаат 1 поен од можни 100, а меѓу 10-те најнеслободни држави и територии се наоѓаат уште и Туркменистан, Источен Донбас, Северна Кореја, Еритреја, Западна Сахара, Крим и Екваторијална Гвинеја.

„Фридом хаус“ во најновиот извештај забележува дека глобалната слобода се намалува 17-та година по ред. Организацијата оценува дека руската инвазија довела до катастрофални нарушувања на човековите права во Украина, а новите преврати и други обиди за поткопување на избраните власти ги дестабилизирале Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...