fbpx

Руско-српски дезинформации за „руски спасители со лек за корона вирусот“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Среде паниката која се рашири викендов на Балканот откако се прошири веста за заразените со новиот корона вирус во Италија, изданието на српски јазик на руската новинска агенција Спутњик, во саботата објавил вест со непоткрепено тврдење дека руски научници имаат лек за новиот корона вирус, пишува босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите raskrinkavanje.ba.

Текстот бил преобјавен од Radio Balkanfox, Bigportal и B92 со насловот „Ruski naučnici imaju spreman lek za borbu protiv novog kineskog virusa“ (Руските научници имаат подготвен лек за борба против новиот корона вирус) а „Информер“ ставил и бомбастичен – и целосно неточен – наслов „SRBIJO, ODMAH ZOVI PUTINA DA TI POŠALJE LEK! Moskva ima rešenje za novi virus iz Kine, NAUČNICI SA URALSKOG UNIVERZITETA SPASLI SVET!“ (СРБИЈО, ВЕДНАШ ПОВИКАЈ ГО ПУТИН ДА ТИ ИСПРАТИ ЛЕК! Москва има решение за новиот вирус од Кина, НАУЧНИЦИТЕ ОД УРАЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ГО СПАСИЈА СВЕТОТ).

Во текстот, инаку, се вели дека научниците од Уралскиот сојузен универзитет предложиле за борбата против новиот корона висус предложиле да се користи лекот „триазавирин“, кој го развиле.

Но тоа не е точно, оти Светската здравствена организација (СЗО) објави информација на 10 февруари дека досега нема потврдено ефикасен лек за новиот корона вирус (Covid-19), односно за превенција или лекување, и досега нема измени на тој став, пишува raskrinkavanje.ba

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...