Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Украинските сили пријавиле речиси 3.000 прекршувања на рускиот прекин на огнот со најтешките напади и гранатирање забележани долж Покровскиот дел од линијата на фронтот, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски

-

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан. 

„Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“, соопшти руската војска.

Руското Министерство за одбрана тврди дека војската „строго го почитувала прекинот на огнот и останала на претходно окупираните линии и позиции“.

Ова е спротивно на прекршувањата на примирјето што Украина ги пријави откако Владимир Путин во саботата го најави велигденското примирје.

Украинските сили пријавиле речиси 3.000 прекршувања на рускиот прекин на огнот со најтешките напади и гранатирање забележани долж Покровскиот дел од линијата на фронтот, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во областа Керсон, три лица загинаа, а тројца беа повредени во руските напади во изминатиот ден, објави нејзиниот гувернер Олександр Прокудин во објава на Телеграм.

Тој рече дека цел на нападите биле станбени области и продавници.

Прекинот на огнот, кој стапи на сила на 19 април во 18 часот, беше на сила за време на велигденските празници.

ИзворThe Guardian

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...