fbpx

Руските напади на Украина продолжуваат и на Божиќ

-

Руските напади на украинските позиции продолжуваат и на Божиќ, јавува CNN. Според информации од украинската војска, нападите продолжиле изминатата ноќ низ источниот и јужниот дел на земјата кога Русија извршила еден ракетен напад и 20 лансирања на ракети за 24 часа.

Украински извори известуваат за гранатирање на различни воени позиции во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон и продолжување на руската офанзива кон Бахмут.

„Територијата на Херсонската област беше гранатирана 39 пати, а беа нападнати цивилни населби со артилерија, минофрлачи и тенкови“, се вели во саботната изјава на Јарослав Јанушевич, шеф на воената управа на регионот Керсон.

Прекинот на огнот предложен од рускиот претседател Владимир Путин, но одбиен од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, требаше да трае 36 часа и да започне од пладневните часови во петокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...