fbpx

Руски воздушни напади погодија повеќе критични инфраструктурни објекти во Украина

-

Воздушни напади ја погодија критичната инфраструктура во централна и западна Украина, додека Русија продолжува да ја таргетира енергетската мрежа на земјата, пишува Би-Би-Си, известувајќи дека се погодени повеќе локации јужно и западно од Киев и дека се забележани прекини на струја низ целата земја.

Укринформ соопшти дека Русија утрово погодила четири критични инфраструктурни објекти во регионите на Одеса, Миколаив и Кировохрад, повикувајќи се на прес-службата на Градскиот совет на Одеса.

Погодените критични електроенергетски објекти се наоѓале во јужните делови на Украина, при што бил извршен масивен удар од Црното море со високопрецизните ракети „Калибр“.

Според извештајот што го објави Укринформ, три лица во областа на Одеса биле повредени.

Речиси една третина од електраните во Украина се уништени во бранот воздушни напади од минатиот понеделник.

Заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Кирило Тимошенко, информираше дека речиси 1,5 милиони потрошувачи во Украина останале без електрична енергија како резултат на денешните напади.

Националниот оператор за електрична енергија, Укренерго, соопшти дека ќе го ограничи снабдувањето во неколку региони, вклучувајќи го и Киев.

За време на нападите низ целата земја, 18 руски крстосувачки ракети биле соборени од воздушните сили на Украина.

Повикувајќи се на изјава на заменик-градоначалникот на западниот украински град Лавов, Серхи Кирал, Би-Би-Си пишува дека стратегијата на Русија е да ја оштети критичната инфраструктура во Украина пред зимата и да ја доведе војната во области надвор од линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја обвини Русија дека поставила мини на хидроелектрична брана во регионот Харсон, каде московските сили имаат контрола. Зеленски рече дека доколку хидроцентралата биде уништена, стотици илјади луѓе ќе бидат во опасност од поплави. Русија негираше дека планира да ја уништи браната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...