fbpx

Руски суд ги забрани Фејсбук и Инстаграм и ја прогласи платформата Мета за „екстремистичка“ организација

-

Судот во Москва ја прогласи компанијата Мета, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, за „екстремистичка“ организација и ја забрани нејзината работа во Русија, пренесе Ројтерс.

Русија веќе го забрани Фејсбук поради ограничување на пристапот до руските медиуми, додека Инстаграм беше блокиран откако Мета рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки во кои повикуваат на насилство против рускиот претседател Владимир Путин и војниците што Москва ги испрати во Украина на 24 февруари.

Мерките за забрана, сепак, нема да се однесуваат на Ватсап, бидејќи Обвинителството оцени дека таа апликација за допишување нема функција за „јавно ширење на информации“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...