Руски дрон ја погоди нуклеарната централа во Чернобил, тврди Украина

„Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи. Според првичните проценки, штетата на засолништето е значителна“, изјави Зеленски

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руско беспилотно летало вчеравечер ја погодило уништената нуклеарна централа Чернобил, пренесе Си-ен-ен.

Украинската државна служба за итни случаи подоцна соопшти дека нивото на радијација останува во нормалните граници.

„Руски напад на беспилотно летало со силна боева глава го погоди засолништето кое го штити светот од радијацијата во уништената четврта енергетска единица во централата“, рече Зеленски.

Бетонското засолниште што ја покрива единицата е оштетено, додаде украинскиот претседател, а пожарот е изгаснат.

„Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи. Според првичните проценки, штетата на засолништето е значителна“, изјави Зеленски.

Видео објавено од Зеленски на социјалните мрежи покажува силен пулс на светлина што произлегува од голема структура, проследен со кула од чад што се издига на небото.

Меѓународната агенција за атомска енергија на „Х“ напиша дека непосредно пред 2 часот по полноќ по локално време, нејзиниот тим на локацијата во Чернобил слушнал експлозија во засолништето кое ги штити остатоците од реакторот 4 на поранешната нуклеарна централа Чернобил.

Единицата 4 во Чернобил, во близина на границата на Украина со Белорусија, експлодираше во 1986 година, испраќајќи широки радиоактивни облаци низ делови на Советскиот Сојуз и Европа. Подоцна беше обвиена во саркофаг од бетон и челик.

Саркофагот беше дело на меѓународна коалиција и беа потреби децении за да се изгради. Конечно беше завршен во 2017 година и тежи 35.000 тони.

Инцидентот во Чернобил се случи неколку часа пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција на високо ниво во Германија, каде што американскиот потпретседател Џеј Ди Венс треба да се сретне со Зеленски. Европските лидери се загрижени од бомбашката најава на американскиот претседател Доналд Трамп дека преговорите за завршување на војната во Украина ќе започнат „веднаш“, откако тој одржа „многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин во средата.

ИзворСи-ен-ен

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...