fbpx

Руски бизнисмен, близок до Путин, доби големи концесии за нафта и гас во Сирија

-

Контроверзниот руски бизнисмен Евгениj Пригожин, кој важи за близок до официјална Москва, посебно до рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно стои зад две релативно непознати фирми што минатиот месец добија концесии за исцрпување нафта и гас од три наоѓалишта во Сирија, пишува руска „Новаја Газета“.

Чудното во тоа е што за компаниите „Меркуриј“ и „Велада“ не слушнал никој од руските нафташи, а компаниите ќе дупчат на вкупна територија од 12.000 квадратни километри, што е нешто помалку половина територија на Македонија. Резервите на гас на оваа територија се проценуваат на околу 750 милијарди кубни метри, што и за руските стандарди е огромна бројка.

Постои поврзаност на „Меркуриј“ и „Велада“ со Пригожин, односно зад малите фирми со двајца вработени плус млада директорка всушност стои „Конкорд“ на Евгениј Пригожин, пишува „Новаја газета“.

Пригожин претходно бил еден од најголемите снабдувачи на Кремљ со продукти, а сега се смета дека раководи со приватна компанија – воен контрактор. Пригожин беше обвинет во САД за мешање во изборите, пишува весникот повикувајќи се на различни лица кои ја поткрепиле поврзаноста на Пригожин со компаниите.

Од друга страна, претставниците за односи со јавноста на Пригожин, негирале дека неговиот конзорциум компании е поврзан со „Велада“ и „Меркуриј“.

Овој контроверзен бизнисмен се смета за сопственик на „Вагнер Груп“, таинствена организација која работи со платени војници и според сомневањата, за сметка на руската влада се бори во Сирија, Источна Украина, Сирија и подсахарска Африка.

Според „Новаја газета“, „Вагнер Груп“ стои зад компанијата „Евро Полис“, која во 2018 година потпишала обврзувачки договор со сириската државна нафтна компанија со која ќе и се гарантираат 25% од профитите од рафинериите на нафта што групацијата ги ослободила од „Исламска држава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...