Руската војска нападнала воен аеродром во Кривој Рог, каде што се наоѓале НАТО авиони. Како што пренесуваат медиумите, се слушнале околу 15 експлозии на аеродромот „Лозовацки“, на северот од градот, каде што имало околу пет авиони, меѓу кои и НАТО авиони.
Украинските власти соопштија дека руските сили редовно удираат по локации каде што се наоѓа воен персонал и техника, како и по инфраструктурата на Украина – објекти од енергетскиот сектор, одбранбената индустрија, военото управување и комуникациите.
Нападот беше извршен со беспилотни летала „шахед“.
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски напиша на Телеграм дека Русија продолжува да го тероризира животот во Украина.
„Ништо не се промени за Русија, таа продолжува да го тероризира животот во Украина. Рој беспилотни летала го погодија Криви Рог таргетирајќи ја цивилната инфраструктура. Десетици други дронови се појавија и на нашето небо. Забележани се и проектили. Не помина ниедна ноќ без руски напади врз Украина. Повеќето од целите се инфраструктурни објекти, систематска кампања на терор против нашиот енергетски сектор“, се вели во објавата.
