fbpx

Русија започна офанзива во Луганск, Зеленски побара меѓународна „коалиција на авиони“

-

Руските сили ја започнаа својата следна голема офанзива во Украина и тоа во источниот регион Луганск, јави „Гардијан“, повикувајќи се на најновиот извештај на Институтот за проучување на војната.

Темпото на руските операции долж линијата Сватове – Кремина во западен Луганск значително се зголеми во текот на изминатата недела, се вели во извештајот на институтот со седиште во САД.

Цитирајќи руски извори, институтот вели дека извештаите тврдат оти руските трупи ги напаѓаат украинските одбранбени линии и прават маргинален напредок долж границата Харкив – Луганск, особено северозападно од Сватове.

Претходно неделава, Украина тврдеше дека Москва собира дополнителни трупи и оти се очекува нова офанзива, можеби насочена кон регионот Луганск.

Продолжуваат нападите и во Харкив, каде руските трупи користеле борбени авиони. Најмалку 23 населби вчеравечер биле под непријателски оган, јавува Укринформ.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја продолжува посетата на главните европски поддржувачи на Украина. Тој во своето обраќање пред британските пратеници во рамки на неговата посета на Обединетото Кралство вчера рече дека победата на Украина над рускиот агресор ќе го промени светот и ќе биде „најважна победа во нашиот живот“, јави дописникот на Укринформ од Велика Британија.

„Знаеме дека слободата ќе победи. Знаеме дека Русија ќе загуби. И навистина знаеме дека победата ќе го промени светот и ова ќе биде промена што на светот долго му требаше“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека по победата на неговата земја, секој агресор кој ќе се обиде да ги помести границите со сила, да убива луѓе, да ја уништи инфраструктурата и да наметнува диктатура на сметка на туѓа крв во криминални и неиспровоцирани војни, како што тоа го прави Кремљ, ќе загуби.

Зеленски ги повика Обединетото Кралство и меѓународната заедница да создадат „коалиција на авиони“ и да ѝ обезбедат на Украина борбени авиони за да се одбрани од рускиот агресор.

По Лондон, Зеленски замина во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. И од Франција Зеленски порача дека, колку побрзо Украина добие оружје со поголем дострел, толку побрзо ќе се врати мирот во Европа.

„Ефективен континентален сојуз во Европа е она што им треба на сите Европејци. Да се стави крај на руската агресија што е можно поскоро, тоа е најрационалното нешто што треба да се направи“, порача Зеленски од Париз.

„Гардијан“ пишува и дека украинскиот претседател во текот на денот заедно со Макрон ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...