fbpx

Русија во центарот на вниманието на ОН поради ескалацијата

-

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации и светските медиуми, оценувајќи дека противењето на рускиот напад врз нејзиниот сосед е ограничен само на Соединетите држави и земјите под нејзина контрола, пренесе Ројтерс.

„Официјалната русофобија на Запад е без преседан, а нејзините размери се гротескни“, истакна Лавров.

Тој изнесе трвдење дека западните сили „не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на (Русија), туку и да ја уништат“.

Речиси три четвртини од земјите во собранието гласаа за опомена на Русија и барање таа да ги повлече своите трупи веднаш по инвазијата на 24 февруари, која Русија ја нарекува специјална воена операција.

Во руската воена инвазија убиени се десетици илјади луѓе, некои украински градови се опустошени и ја предизвикаа најголемата конфронтација на Русија со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Украинската војска рано во неделата соопшти дека руските сили извршиле десетици ракетни напади и воздушни напади врз воени и цивилни цели, вклучително и 35 „населби“, во изминатите 24 часа.

Русија исто така користела беспилотни летала за да го нападне центарот на јужниот град Одеса, соопшти украинската војска. Нема информации за жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...