fbpx

Русија тврди дека уапсила украински шпион

-

Руската федерална служба (ФСБ) соопшти дека фатила припадник на украинската служба за безбедност кој се понудил да шпионира за Москва, но како што тврдат, ќе го вратат затоа што се покажало дека двоен агент.

ФСБ, која е наследник на руската тајна полиција КГБ, во соопштението навела дека Јури Иванченко е уапсен на 26 март. Во документот се наведува дека Иванченко допатувал во Москва за да ги понуди своите услуги на ФСБ. Руската разузнавачка служба тврди дека ЦИА им помогнала на украинските служби за безбедност да го подготват Иванченко за мисијата, со цел да им ги открие своите руски контакти.

Односите меѓу Русија и Украина е напнати откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим и ја поддржа сепаратистичката побуна на истокот на Украина.
.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...