Русија тврди дека соборила 96 украински дронови

Поради ситуацијата привремено биле прекинати летовите на аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва

Аеродром Домодедово, Москва | Фото: Terrazzo, CC BY 2.0, Викимедија комонс

Руското Министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека противвоздушната одбрана соборила 96 украински дронови, од кои шест над московскиот регион, јавува Ројтерс.

Руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, информираше дека поради ситуацијата привремено биле прекинати летовите на аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва.