Русија трупа нови воени сили во Белорусија и не дозволува мир за божиќните празници

-

Русија доведува дополнителни мобилизирани резервисти во Белорусија, додека белоруската армија врши проверка на борбената готовност на својата армија со одржување на воени вежби во северозападниот дел од земјата. Русија воената агресија врз главниот град на Украина, Кијив, во февруари годинава ја изврши преку навлегување од Белорусија, при што повторно се појавуваат стравувања дека руското раководство би можело да ја искористи Белорусија за нови офанзивни дејствија против Украина.

Британското Министерство за одбрана во својот најнов извештај посочува дека белоруските воени сили, заедно со руските единици кои вежбаат во моментов,  веројатно нема да претставуваат сила способна да изврши нов успешен напад врз северна Украина, пишува Гардијан.

Инаку, Русија по првичната воена инвазија на Украина во февруари годинава ја окупираше нуклеарната електрана Чернобил и стигна до предградијата на Кијив, но не успеа да го зазеде украинскиот главен град, ниту пак да окупира некој од главните регионални центри во регионите Суми и Чернихив на северот на Украина. По неколкунеделните борби и воениот неуспех, Русија беше принудена да се повлече од северот на Украина.

Украинските власти соопштија дека руска воздухопловна база во Курск, Русија била погодена од беспилотни летала. Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека во близина на воената база одекнале две експлозии во средата вечер, а во нападот учествувал „непознат дрон“, пренесува Гардијан.

Во меѓувреме, руското раководство изјави дека не планираат да воведат божиќен прекин на огнот во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека ваквата тема не е на дневен ред и е одговор на повикот на Володимир Зеленски Русија оваа недела да започне со повлекување на своите војници од Украина како прв чекор кон постигнување на мировен договор.

Песков рече дека нема да има мир со Кијив додека Зеленски не ја прифати „реалноста“ на теренот, мислејќи на руската окупација над делови од четири украински региони, коишто ги анектираше во септември годинава по принудните и незаконски „референдуми“ што се одржаа во овие региони.

Воените дејствија продолжија во Украина, при што од жестоките борби во изминатово деноноќие во Донецкиот регион загинаа најмалку двајца цивили, јавува Укринформ. Четири лица се повредени како резултат на руските напади врз населени места во овој регион. Украинските власти информираат дека најжестоки борби во моментов се водат во околината на градовите Бахмут и Авдивка во Донецкиот регион.

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на...